И покрај слабата заинтересираност, се воведува и четврта доза против ковид

Во Македонија подолг период тема на разговор е дали да се воведе четврта доза, со оглед на тоа што граѓаните многу ретко се вакцинираат против ковид, освен првиот наплив на пациенти на почетокот кога вакцините излегоа на пазарот.

Сепак, донесена е одлука дека граѓаните ќе имаат можност да се вакцинираат и со четврта доза, а ваквите информации за „Фокус“ ги потврди актуелниот министер за здравство Беким Сали.

„Почнуваме и со четврта доза, само да има заинтереираност. Тоа е најтешкиот дел. Почнавме веќе со испраќање на пораки до граѓаните. Со оваа доза треба да се вакцинираат најпрво хронично болните пациенти. Еве, гледаме дека бројките повторно почнаа да се зголемуваат“, вели Сали во изјава за “Фокус“.

Тоа што досега е познато е дека Македонија  ја доби и вакцината што ја произведува белгиската компанија „Јансен“, која е во сопственост на „Џонсон и Џонсон“.

Оваа вакцина е таканаречена векторска вакцина и по своите карактеристики е поблиска до „Астра Зенека“ и до руската „Спутник“, отколку до „Фајзер“. Некои од Македонците со оваа вакцина веќе се вакцинирале во Бугарија.

Back to top button
Close