И покрај забраната, сопственик на скопски ресторан го отворил, обвинителството му поведе кривична постапка

Поднесена е кривична пријава до кафеанџија кој иако имал решение за забрана за работа, го отворил својот ресторан и продолжил да работи.

Имено, објектот „Јужна пруга” во Скопје кај железничката станица бил затворен со решение од инспектор за животна средина од Општина Аеродром и му била изречена забрана за вршење на дејност, што било истакнато и на влезната врата на објектот. Сопственикот, го симнал решението, а при контрола инспекторите констатирале дека продолжува да работи и во него се присутни гости.

Обвинителството побара од Судот да определи и мерка на претпазливост додека трае кривичната постапка

Back to top button
Close