И поранешна невенчана сопруга сведочеше, а Александар го нарече алкохоличар и насилник

-Се каам и жалам за стореното, но тоа беше борба за живот, ако не беше тој, јас ќе бев мртва. Кога почна да ме дави јас претав со нозе, со раце, немав сила да му се спротивставам. Се вративме од гости околу полноќ, тој пиеше, јас утрината бев на работа и сакав да спијам. Побара од мене да сум направела есап колку пари сме потрошиле, а јас од желба за сон сум заспала. Тој во таква состојба се нафрли врз мене. Бев како фудбалска топка, ме шутираше со нозе. Па ме фати за врат, му реков, немој Александар ќе ме удавиш, се уплашив. Почнав да губам свест, гледав само некоја светлина, немав воздух да дишам. И во таа борба за живот кога стигнавме до кујната фатив некој предмет, не знаев што е, само сакав да го удрам да ме ослободи. Почувствував дека наеднаш губи сила и ме ослободи. Видов дека има нож во градите -кажа велешанката Павлинка Илоска (23) во нејзина одбрана при вчерашното сведочење за убиството при семејно насилство на невенчаниот сопруг Александар Ристовски (40).

Убиениот беше полицаец во СВР Велес, во два наврати е условно осуден за две кривични дела во велешкиот Основен суд, еднаш оти прегазил шестмина тинејџери и еднаш оти ја давел балдаската.

Мајката на Александар како оштетена не побара кривичен прогон на обвинетата Павлинка, додека татко му Венко остави на судот тоа да го решава. Илоска му била трета невенчана сопруга, а Александар имал зад себе и еден брак со деца. Една од невенчаните сопруги сведочеше каква сè тортура доживувала додека била во заедница, а Александар го нарече алкохоличар и насилник.

(…)

Повеќе

 

Back to top button
Close