И Португалија вчера официјално ја призна независноста на Палестина

Португалија официјално ја призна независноста на палестинската држава, изјави синоќа шефот на дипломатијата на оваа земја, Пауло Рангел, пренесе Бета.

Португалија со ваквиот чекор им се придружи на Велика Британија, Канада и Австралија, кои исто така вчера официјално ја признаа независноста на Палестина.

„Признавањето на државата Палестина е исполнување на фундаменталната, конзистентна и широко прифатена политика“, изјави Рангел пред новинарите во Њујорк, пред годишната сесија на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН), која започнува утре.

Рангел додаде дека „Португалија се залага за решение со две држави како единствен начин за праведен и траен мир, мир што промовира коегзистенција и мирни односи меѓу Израел и Палестина“.

Независноста на палестинската држава е поддржана од повеќе од 150 земји во светот.

Back to top button
Close