И претставник на Македонија е дел од меѓународната мисија која се упати во Запорожје

Тим на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) замина од Киев за нуклеарната централа Запорожје за да извршат инспекција, а во тимот од меѓународни експерти има и претставник од Македонија.

Извор од ОН, запознаен со деталите за мисијата, изјави за Тас дека во неа учествуваат претставници на десет земји: Албанија, Кина, Франција, Италија, Јордан, Литванија, Мексико, Полска, Србија и Северна Македонија.

-Експертите на МААЕ, предводени од генералниот директор Рафаел Гроси, имаат намера да ја утврдат штетата предизвикана од гранатирањето во близина на нуклеарната централа, за која Киев и Москва се обвинуваат со недели.

Извори на Тас во ОН претходно појаснија дека мисијата ќе влезе во нуклеарната централа Запорожје преку Киев и на територијата под контрола на Украина.

Тој објасни дека во мисијата не се вклучени претставници на Русија и Украина, со цел да се обезбеди нејзината неутралност и непристрасност.

 

Тој, исто така, истакна дека инспекторите ќе ја проучуваат нуклеарната безбедност во централата, но не и политичките и воените прашања.

Нуклеарната централа Запорожје е под контрола на руските сили од март.

ФОТО: EPA-EFE/DEAN CALMA/IAEA

 

 

Back to top button
Close