И САД и Иран најавуваат можен договор за крај на војната: Што се случува?

Screenshot

Иран, САД и Пакистан соопштија дека е постигнат одреден напредок во преговорите за ставање крај на речиси тримесечната војна.

Иранското Министерство за надворешни работи објави дека Техеран е фокусиран на финализирање меморандум за разбирање, по средбите меѓу главниот ирански преговарач Мохамад Бакер Калибаф, шефот на дипломатијата Абас Аракчи и началникот на пакистанската армија, Асим Мунир.

Пакистанската армија соопшти дека разговорите во изминатите 24 часа донеле „охрабрувачки“ напредок кон конечен договор.

Американскиот државен секретар Марко Рубио, кој престојува во Индија, изјави дека е постигнат извесен напредок и дека Вашингтон во наредните денови би можел да има „нешто да соопшти“ во врска со Иран.

– Постигнат е одреден напредок. Можно е подоцна денеска, утре или за неколку дена да имаме што да кажеме – изјави Рубио.

Според портпаролот на иранското МНР, разговорите биле насочени кон документ од 14 точки, предложен од Иран, кој треба да биде главна рамка за натамошните преговори.

Техеран посочува дека приоритет е прекин на заканите од нови американски напади и запирање на конфликтот во Либан, каде што силите на Хезболах се судираат со израелската армија.

Рубио повторно ги повтори барањата на американскиот претседател Доналд Трамп, нагласувајќи дека Иран не смее да поседува нуклеарно оружје и дека мора да го предаде збогатениот ураниум.

Извор: skopje1.mk

Back to top button
Close