И се заканил со пиштол на вработена во тобако во Кавадарци и и го земал дневниот промет
Поднесена е кривична пријава против 37-годишниот М.Н. од Кавадарци.
Пријавата, како што велат од СВР Велес, е од поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“ по член 237 од Кривичниот законик.
„ОВР – Кавадарци до ОЈО – Кавадарци поднесе кривична пријава против 37-годишниот кавадарчанец М.Н., поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“ по член 237 од Кривичниот законик. На 4 јуни околу 23:10 часот, пријавениот влегол во тобако во Кавадарци и со закана со пиштол кон вработената одзел пари од дневниот промет“, информира СВР – Велес