И шестиот обид неуспешен: Сенатот повторно не успеа да го усвои законот за финансирање, блокадата на американската влада продолжува

Американскиот Сенат денеска повторно не успеа да усвои закон за финансирање на владата до 21 ноември, а прекинот на работата на владата влезе во осмиот ден.

Сенатот го отфрли законот на Претставничкиот дом со 54 гласови „за“ и 45 „против“, со што не го достигна прагот од 60 гласови потребен за усвојување на законот, објави Си-ен-ен.

Ова беше шести обид за усвојување на закон за финансирање. Сенатот, исто така, ја отфрли верзијата на демократите за законот за финансирање, која вклучува неколку одредби за здравствена заштита.

Затворањето на американската влада започна на 1 октомври, на почетокот на фискалната 2026 година, откако демократите во Сенатот го отфрлија законот за краткорочно финансирање со кој федералните оддели ќе ги држеа отворени до 21 ноември.

Демократите одбиваат да го поддржат предлогот на републиканците без големи отстапки, со фокус на здравствената заштита.

Back to top button
Close