“И Србија против Русија”. Во ОН дебата за резолуција за осуда на руската анексија на украинските територии

Генералното собрание на ОН дебатира за резолуција со осуда на руската анексија на четирите украински региони.

„Тоа е исклучително важно“, рече шведскиот дипломат Олоф Скуг кој како амбасадор на ЕУ во ОН го подготви текстот во соработка со Украина и други земји.

Ако Генералното собрание не дејствува, тоа ќе им даде „отворени раце на другите земји да го сторат истото или да ја признаат руската анексија“, изјави Скуг.

Во резолуцијата се осудува „обидот за нелегална анексија на Русија“ на украинските региони Доњецк, Луганск, Запорожје и Керсон по т.н. референдуми” и се нагласува дека тие процедури не се валидни според меѓународното право.

Русија како одговор испрати писмо до сите земји-членки на ОН во кое ги напаѓа „западните делегации” чии активности „немаат никаква врска со заштитата на меѓународното право и принципите на Повелбата на ОН“.

Back to top button
Close