И Трамп на финалето на Светското клупско првенство
Претседателот на САД Доналд Трамп ќе биде присутен на вечерашното финале на Светското клупско првенство на ФИФА меѓу ПСЖ и Челзи што ќе се игра во Њу Џерси. Најавено е присуство и неговата сопруга Меланија.
Инаку, финалето се на годишнината од неуспешниот атентат над Трамп во Пенсилванија за време на претседателската кандидатура.
За време на вториот претседателски мандат Трамп често може да се забележи на врвни спортски манифеставии. Присуствуваше на Супер болот во Њу Орлеанс, борби во УФЦ во Мајами и во Њујорк, како и на трката Дејтона 500 на Флорида.
Трамп имаше и средба со првиот човек на Светската фудбалска федерација Џани Инфантино.
Инаку, американскиот претседател планира да следи и неколку натпревари на Светското првенство следното лето кое ќе се игра во САД, Мексико и Канада.