И утре локален дожд, а на повисоките планини врнежи од снег

УХМР соопшти дека локални врнежи од дожд ќе има и утре, особено претпладне. На повисоките врвови на северозапад ќе врне снег.

Во вторник ќе дува силен ветер од југоисточен правец, а кон крајот на денот и во среда претпладне се очекуваат нови врнежи од дожд. Од четврток ќе преовладува променливо облачно време со подолги сончеви периоди.

Утре температурата низ земјата ќе биде од 7 до 16 степени, а во Скопје од 8 до 12.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close