И утрово се трага по телото на малата Данка

По 10 дена опсежна потрага по Данка Илиќ (2) од Бор, вчера стигна грозоморната вест дека девојчето е убиено, а сите надежи дека ќе биде пронајдена жива и здрава засекогаш згаснаа.

Работниците на „Водовод“ Срѓан Јанковиќ (50) од село Лука и Дејан Драгијевиќ (50) од село Злот признале дека девојчето го убиле со автомобил, а потоа телото го фрлиле на депонија. Сепак, две клучни детали остануваат мистерија – каде и како е скриено телото на Данка и како била убиена.

Полицијата и денеска продолжува со детална потрага по телото на убиеното дете, а според медиумите кои се повикуваат на информации од истрагата, постојат индиции дека осомничените два дена по убиството го ископале телото и го закопале на друго место

Back to top button
Close