И Владо Јаневски го откажа учеството на концертот за годишнината од Рамковниот договор

Откако пејачката Антонина Гиговска го откажа својот настап на плоштадот Скендербег во Скопје денеска и Владо Јаневски го направи истото за настанот со што ќе се обележи 21 година од Рамковниот договор и започнувањето на преговорите за полноправно членство во Европската Унија.

 

„Владо Јаневски не настапува на прославата која ќе се одржи на 13.02.2022 на плоштадот „Скендербег“ во Скопје“, стои во кратката објава на социјалните мрежи.

Back to top button
Close