“И во 2019, Офф-фест добиле милион денари, поднеле жалба, и добиле уште 1 милион” изјави министерката за култура

Минситерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска на денешниот брифинг даде образложение за одлуката на комисијата, наведувајќи дека организаторот на фестивалот ќе се премисли и ќе ја искористи жалбата како правен механизам за да реагира.

Иако организаторот, Скопје џез фестивал во дописот до медиумите наведе дека „нема да поднесат жалба и нема да се понижуваат“, бидејќи за 22. издание на фестивалот доби 1 милион и 20 илјади денари (16.500 евра), што е помалку за половина од минатогодишната сума. СЏФ се пожали и на бавната реакција на министерството, бидејќи лани вложиле жалба на 1 март, Офф-фест се одржал на почетокот на јуни, а одговор на жалбата, негативен, добиле на 19 септември.

-Нема да ги коментирам личните квалификации кон мене. Секој има право на жалба. Лани имавме долг период на ребаланс на буџетот, дури два и пол месеци беше во Собрание. Направив едно мало истражување и во 2019, Офф-фест добиле 1 милион денари, поднеле жалба, и добиле уште 1 милион денари. Вкупно 2 милиона денари. Правото на жалба има секој, може да го користи, но и не мора. Од кои причини тие одлучиле да не се жалат не знам. Но, секој може да се жали онаму каде смета дека сумата не е таа што треба да ја добијат и треба да добие повеќе. Тоа е право на жалба која почнува да тече 15 дена откако ќе го добијат решението. Сега жалбата се поднесува електронски, и одговорот трае 15 дена, рече министерката

Back to top button
Close