И во Центар поголема излезност од првиот круг

Како во општина Карпош, така и во Центар излезноста во вториот круг е значително поголема за разлика од гласањето на 17 октомври.

Па така, според статистиката до 15 часот, на гласање излегле 16.593 граѓани, а во првиот круг до истиот временски период гласале 13.515 гласачи, или за 3.078 гласачи помалку.

Во Карпош пак, денеска до 15 часот гласале 21.245 граѓани, а во првиот круг излегле 17.694 гласачи

Back to top button
Close