И во Црна Гора црн рекорд на новозаразени со Ковид-19

– Во последните 24 часа во Црна Гора се потврдени 87 нови случаи на коронавирус, што е рекорден број на нови случаи на дневна основа, а две лица починаа.

Претходно, најголем број позитивни случаи беа откриени пред четири дена – 66, пренесува РТЦГ.

Тестирани се 709 лица.

Од почетокот на јуни, во Црна Гора од Ковид-19 починале 14 лица, а оздравеле 10 пациенти.

Во моментов активни се 816 случаи, а вкупниот број на заразени надмина илјада.

Back to top button
Close