И во Италија ново жариште на коронавирус по враќањето на тинејџери од Хрватска

Тие биле на матурска екскурзија на Паг, а сите од класот кои отишле на патувањето ќе треба да бидат тестирани за вирусот ковид-19, пренесува Кориере дела сера.

– Последното лето на забава после средно училиште и пред заминување на факултет или вработување завршува на неочекуван начин, пишува италијанскиот весник.

Претходно и германските здравствени власти соопштија дека откриле ново жариште на коронавирусот во округот Гепинген, северно од Штутгарт, а се работи за матуранти кои, според германските медиуми, се заразиле додека биле на одмор во Хрватска, односно на Паг.

Back to top button
Close