И Врховниот суд го „поништи“ Владимир Панчевски!

Со осум гласа „за“ и само еден „против“ Жалбениот совет на Врхониот суд на Република Северна Макадонија, по одржана Општа седница, ја отфрли жалбата на сега веќе поранешниот судија Владимир Панчевски, со што и формално се потврди дека тој веќе не може да прима плата како функционер, како што тоа се случуваше досега и тоа од денот на неговото разрешување, пишува правосудство.мк.
На вчера одржаната седница, иако уредно поканет Панчевски не се појавил, а не дошле и неговите адвокати, откако претходно до Советот доставиле небулозни причини за одложување, како што е старт на изборна кампања, болест и слично. Адвокатите на Панчевски, во понеделникот, по нивно барање, требало да извршат увид во предметот, но тие воопшто не се појавиле во Врховниот суд, како што не се појавиле и на вчера одржжаната седница.

Back to top button
Close