И втор џудист се повлече од ОИ пред пресметка со Израелецот Бутбула

Втор олимпиец се повлече од Игрите во Токио пред борбата со Израелецот Тохар Бутбула, седморангираниот џудист во светот во категоријата до 73 килограми.

Како што објавија организаторите на Игрите, Суданецот Мухамед Абдалрасул, кој е 469 рангиран во светот во истата категорија, не се појави пред дуелот против Бутбука во рамки на шеснаесетфинлаето, иако суданскиот тим претходно го пријавил својот олимпиец на задолжителното мерење.

Светската џудо федерација и Олимпискиот тим на Судан не ги соопштија причините за откажуваето на Абдулрасул.

Претходно, од Игрите во Токио беше суспендиран алжирскиот џудист Фети Нурин, кој одби да се бори против Суданецот Абдулрасул во борба во која победникот во следното коло за противник ќе го имаше Бутбула.

Back to top button
Close