ИЈЗ: 822 лица се по вторпат заразени со ковид-19

Од 8 до 14 ноември од ковид-19 заболеле 3.218 лица од 34 градови во земјава, што е намалување од 8,1% во однос на минатата недела. Од 1 до 7 ноември бројката новозаболени од ковид-19 за една недела се зголеми за 25 отсто, односно регистрирани беа 3.504 нови позитивни случаи во 33 градови, се вели во извештајот на Институтот за јавно здравје.

Од 8 до 14 ноември тестирани се 21.346 материјали, со намалување од 3,5% во однос на минатата недела. Процентот на позитивност се движи од 10,7% до 20,4%, просечно 14,8%. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (1.299; 40,3%), со неделна инциденца – 204,8/100.000. Највисока неделна инциденца е регистрирана во Демир Хисар 504,1/100.000 и Кратово 453,4/100.000.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (791, 24,6%). Најмал број е регистриран кај возрасната група од 0-9 (102; 3,2%). Се забележува намалување на бројот на заболени кај сите возрасни групи, со најзабележително намалување кај возрасната група од 0-9 години, 18,4% помалку во однос на претходната недела.

Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 1.677 (52,1%) лица од женски и 1.541 (47,9%) од машки пол

 

 

Back to top button
Close