Ибраим: Потребни се инвестиции за да се сопре миграцијата  

При посетата на турскиот амбасадор во Македонија Хасан Мехмет Секизќок на Центар Жупа , градоначалникот на општина  Арјан Ибраим рече  дека Турција во Центар Жупа има подржано бројни проекти во  сферата на инфраструктурата  и образованието  .  Според Ибраим со огле дека над 7о насто од населението е на печалба во земјите на ЕУ, а особено во Италија потребно е во оваа рурална општина да се реализираат инвестиции со кои ке се отвораат нови работни места . Со овие инвестиции се очекува да се намали иселувањето на младата популација  подвлече Ибраим. Ибраим информираше дека општината има соработка и збратимување со повеке турски општини .

Турскиот амбасадор Хасан Мехмет Секизќок на средбата со претставниците на локалната власт  во општината Центар Жупа , истакна дека Турција ке продолжи да подржува проекти на локалната власт  како и досега .  Амбасадорот  имаше посета на училиштата во  неколку селски населби а потоа ја посети и спомен куќата на творецот на родителите на модерна Турција Мустафа Кемал Ататуркт во селото Коџаџик .  За време на посетата на Центар Жупа турскиот амбасадор додели и Рамазански пакети  со храна .

КМ

Back to top button
Close