ИД го поздрави масакрот во Сиднеј и поттикнува напади во Белгија

Исламска држава (ИД) денеска го поздрави терористичкиот напад на плажата Бонди во Сиднеј за време на прославата на еврејскиот празник Ханука, при што загинаа 15 луѓе, а 40 се повредени, од кои најголемиот број Евреи. Но, ИД не презеде директна одговорност, јави Германската новинска агенција (ДПА).

ИД денеска на интернет објави дека масакрот на плажата Бонди го нарече „Сиднејска гордост“, а двајцата напаѓачи – „уникатно дуо“, алудирајќи дека можеби биле поддржувачи на тврдокорната џихадистичка организација. Едниот од напаѓачите беше застрелан од полицијата, а другиот беше ранет.

Австралиските власти претпоставуваат дека напаѓачите биле под влијание и мотивирани од ИД.

– Иако ИД сè уште нема можност да се вклучи во (директна) пресметка со Евреите, нејзините војници, делегации и поддржувачи не ги запреа своите обиди да нападнат Евреите насекаде. Евреите денес крвават по улиците на Австралија, откако фанатиците одговорија на повикот и ги спроведоа препораките за таргетирање на религиозните фестивали и собири, се наведува во изјавата на ИД.

Исламска држава ги повика мигрантите да ги нападнат Евреите и христијаните во Белгија за време на празниците.

Back to top button
Close