Ѕид се сруши врз возила во Скопје

Два автомобила се оштетени откако ѕид со кој била оградена куќа, синоќа паднал на улицата Дижонска.

„Б.И.(32) од Скопје пријавил дека околу 20 часот на улицата Дижонска оштетено било неговото патничко моторно возило “фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки и патничко моторно возило “форд“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Х.А.(46) од Скопје. Возилата биле паркирани на улицата веднаш до ѕидот на соседот Н.И.(54), а во еден момент од непознати причини ѕидот паднал врз возилата и ги оштетил“, информираат од МВР.

Од полициски службеници од СВР Скопје било излезено на местото на настанот.

Back to top button
Close