Идентификувано и другото тело од двајцата загинати на Пирин, станува збор за српски а не за македонски државјанин
Според бугарскиот портал „24 часа“, повикувајќи се на полициски изивори, станува збор за српски државјанин, кој бил на дочек на Новата година во семеен хотел и на 1 јанауари, односно вчера отишол на планинарење. Двете безживотни тела, едно крај друго, се најдени под врвот Вихрен на планината Пирин во Бугарија
Бугарската полиција го идентификувала и второто тело пронајдено покрај она на шеесет и деветгодишниот туристот Пламен Христов, кој се водеше како исчезнат и по кого се трагаше една недела, јавува бугарскиот портал „24 часа“.
Според порталот, станува збор за српски државјанин, кој бил на дочек на Новата година во семеен хотел и на 1 јанауари, односно вчера отишол на планинарење. Засега, освен дека станува збор за турист од Србија, нема информации за неговото име, ниту за возраста.
Двете безживотни тела, едно крај друго, се најдени под врвот Вихрен на планината Пирин во Бугарија.
По една недела, на Пирин пронајдено тело на исчезнат турист, покрај него уште загинат
На снимката направена со дрон се гледа дека во реонот каде што се пронајдени двете тела на има и црвена јакна, пишува бугарскиот портал. Сепак, не е јасно дали има човек во неа или тоа е само надворешната облека.
„Јакната е на многу поголема надморска височина од онаа каде што ги пронајдоа двајцата починати туристи. Апсолутно е недостапна. Се надевавме дека воениот хеликоптер ќе помогне, ако не за транспорт на починатите, тогаш барем погледне околу ова место да видиме дали има човек“,ги пренесува „24 часа“ коментарите на спасувачите.
Привичните претпоставки за телото на второто лице беа дека станува збор за некој што веројатно вчера тргнал да го бара исчезнатиот Христов и се обидел да му помогне.
Пламен Христов (69), исчезнатиот турист по кого се трагаше една недела на планината Пирин во Бугарија/Фото: 24часа.бг
Воен хеликоптер од типот „Кугар“ правеше увид на теренот за да процени дали може да се вклучи во операцијата на извлекување на загинатите.
Според последните информации на бугарските медиуми телата на двајцата загинати туристи на Пирин нема да можат да бидат симнати со воен хеликоптер.
Во 13.55 часот, по обиколка на локацијата, донесена е одлука за прекин на операцијата. Временски услови – силен ветер, не дозволуваат телата да бидат подигнати и пренесени со хеликоптер.
Хеликоптер од типот „Кугар“, илустративна фотографија/Фото: Википедија
На местото под Вихрен од западната страна кон долината Влахина во моментов, како што јавува „24 часа“ со втора количка оди нова група спасувачи за да може со неа да се пренесе и второто тело. Се очекува акцијата да заврши во ноќните часови.
Претходно медиумите пренесоа дека второто тело на Пирин можно е да е на Македонец бидејки кај него биле најдени македонски денари.