ИДФ соопшти дека се создадени услови за напредок во постигнувањето договор во Појасот Газа


Израелските воени операции во Појасот Газа „создадоа услови за напредок во постигнувањето договор“ за ослободување на заложниците, изјави вечерва началникот на Генералштабот на израелската војска, Ејал Замир.

– Постигнавме многу важни резултати, сериозно ги ослабевме воените и владините капацитети (на палестинското движење) Хамас, изјави Замир за израелската телевизија.

Според него, благодарение на оперативното дејствување на израелската војска, „создадени се услови за напредок во договорот за ослободување на заложниците“ во рамките на договорот за примирје во Појасот Газа.

Замир не наведе други детали, додека израелскиот министер за надворешни работи, Гидеон Сар, претходно денеска изјави дека е оптимист во поглед на постигнување договор за прекин на огнот и ослободување на заложниците во Појасот Газа, додавајќи дека, доколку се постигне привремено примирје, Израел ќе преговара и за траен прекин на огнот.

Војната во Појасот Газа почна во октомври 2023 година, по терористички напад што го изврши Хамас во јужен Израел.

Back to top button
Close