ИДФ соопшти дека тројца војници загинале во северниот дел на Појасот Газа
Израелската армија (ИДФ) денеска соопшти дека тројца нејзини војници се убиени на север од Појасот Газа.
Со ова, бројот на убиени израелски војници во воената кампања во Газа од почетокот на копнената офанзива на 27 октомври 2023 година се зголеми до 424.
„Објавувањето на имињата на тројцата војници кои загинаа во борбите е одобрено“, соопшти израелската армија, прецизирајќи дека тие загинале на север од Појасот Газа.
Израелската армија ги засили своите воени операции во Појасот Газа со цел да преземе целосна контрола врз територијата.
Од друга страна, портпаролот на Цивилната одбрана во Газа, Махмуд Басал, изјави дека најмалку 15 лица се убиени, а десетици се ранети утрово во израелските напади на југот од Појасот Газа.