ИДФ: Во нападот во кој беа убиени деца имало „техничка грешка“
Израелската армија попладнево соопшто дека имало „техничка грешка“ за време на нападот во кој цел бил „терорист“, член на Исламски џихад, и дека проектилот паднал неколку десетици метри од целта.
Десет лица, меѓу кои шест деца, беа убиени во израелски воздушен напад во централниот дел на Појасот Газа додека чекале ред за вода, објавија претходно службите за итни случаи, пренесе Би-Би-Си.
Телата на загинатите беа пренесени во болницата Ал-Авда во Нусејрат, каде што беа згрижени и 16 ранети, меѓу кои седум деца, потврди еден од лекарите.
Очевидци тврдат дека дрон истрелал проектил кон група луѓе кои чекале со празни канистри покрај резервоарот за вода во бегалскиот камп Ал-Нусејрат.
Инцидентот, додадоа тие, моментално е под истрага.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека се свесни за „тврдењата за жртви во областа“, додавајќи дека прават сè за „што е можно“ да ги намалат цивилните жртви и дека жалат за сите цивилни жртви што не биле вклучени во конфликтот.
Непотврдени снимки на кои се гледаат крвави деца и безживотни тела се појавија на социјалните мрежи по нападот.
Жителите се упатија кон местото на настанот и почнаа да ги евакуираат ранетите со свои возила и колички.
Нападот се случи во време кога израелските воздушни напади низ Газа беа дополнително интензивирани.
Портпаролот на Цивилната одбрана на Газа изјави дека уште 19 Палестинци денеска биле убиени во три одделни напади врз станбени згради во централниот дел на Појасот Газа и градот Газа.
Во меѓувреме, Меѓународниот комитет на Црвениот крст објави дека нивната теренска болница во Рафа, јужна Газа, третирала повеќе масовни жртви во последните шест недели отколку во сите претходни 12 месеци.
Исто така, се наведува дека 132 ранети лица „со повреди предизвикани од оружје“ пристигнале во болницата во саботата, од кои 31 лице починало.
„Огромното мнозинство“ од пациентите имале прострелни рани, а „сите свесни пациенти“ рекле дека се обидувале да стигнат до точката за дистрибуција на храна