Игор Христов е кандидатот за градоначалник на Општина Кочани од редовите на СДСМ

АКЛАМАЦИЈА ЗА ПРЕДЛОГ КАНДИДАТОТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА КОЧАНИ ОД СДСМ
Човек што работи со правото, а ја сака правдата, Игор Христов, предлог кандидат за градоначалник на СДСМ за Кочани.
Професор докажан во својата професија, со евидентно работно искуство во образованието, граѓански активист и интернационални спортски достигнувања. Поборник на социјалдемократските вредности но пред се искрен, посветен и трудољубив човек со практицирање на ред и дисциплина. Со вклучување на сите локални чинители и граѓани, со дела а не зборови заздравување на Кочани во прогрес за здрав, мирен и безбеден живот на кочанчани,објави вечерва ОК на СДСМ Кочани.
Претходно во текот на денот официјално своја кандидатура за градоначалник на Кочани поднесе актуелниот вд градоначалник Венко Крстевски како независен кандидат.
Премиерот Мицковски денеска изјави за медиумите дека ги повикува и другите партии како што синоќа после ИК на ВМРО ДПМНЕ портаролката Марија Јанчевска објави дека партијата ќе го  подржи „ натпартискиот“ кандидат др Влатко Лозановски за доброто на Кочани по трагедијата .
Мицковски денеска јавно ги повика и другите партии  да застанат и сите да се обединат зад кандидатурата на докторот од Кочани Влатко Лозановски.
Либертас денеска објави повикувајки се на луѓе од Колани кои се знаат одлично со „натпартискиот“ кандидат дека се рабои за добар човек кој не е член на ВМРО ДПМНЕ но важи за нивни симпатизер. Нашите извори се збунети од фактот што докторот ја прифатил наводно играта на партијата да трча за Кочани како „скриен“ кандидат на ВМРО ДПМНЕ.
Меѓу првите што после ИК на ВМРО ДПМНЕ синоќа на фејсбук за подршата на Лозановски му честиташе пратеникот Миле Левков кој по трагедијата со пожарот во Пулс е неомилен во родниот град а веднаш по него како дополна на фб коментарите на Левков му напиша „ одлучно сработена работа сега требе да се среди и новиот совет на општината“.

Back to top button
Close