Игор Николов ја започна амбасадорската мисија во Париз
Николов е еден од првите амбасадори што ги назначи владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ откако ја презеде власта. Тој е нефролог и претседател на комисијата за здравство во ВМРО-ДПМНЕ, а беше и советник за здравство на премиерот Мицкоски
Македонскиот амбасадор во Франција, Игор Николов, и официјално ја започна мисијата во Париз.
Игор Николов, македонски амбасадор во Париз и Емануел Макрон, претседател на Франција
Амбасадата на С Македонија во Франција на својот официјален фејсбук-профил вчера објави дека Николов во понеделникот му ги предал своите акредитивни писма на францускиот претседател Емануел Макрон.
„Со ова официјално започна неговиот дипломатски мандат во Париз, со цел унапредување на билатералните односи, зајакнување на соработката и продлабочување на партнерството меѓу двете земји“ се наведува во објавата на македонската амбасада во Париз.
Игор Николов беше еден од првите амбасадори што ги именуваше владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ откако ја презеде власта. Тој е нефролог и претседател на комисијата за здравство во ВМРО-ДПМНЕ, а му беше и советник за здравство на премиерот Христијан Мицкоски