„Игри на проекции“ – самостојна изложба на минијатури и мал формат слики на Ивона Велковска

Самостојна изложба на минијатури и мал формат слики  „Игри на проекции“ на ликовната уметница Ивона Велковска ќе биде отворена вечер во Галерија  „КО-РА“ – нов салон сутерен во Ј.У. Дом на култура „Кочо Рацин“ – Скопје.

Ивона Велковска е родена 1975 во Мостар. Своето образовани го започнува во Сплит, а го продолжува на Факултетот за ликовна уметност во Скопје, каде дипломира 1999 година на педагошки оддел, насока сликарство, во класа на повеќе професори: Родољуб Анастасов, Симон Шемов, Васил Василев, Станко Павлески, Димчо Николов, под менторство на проф. Рубенс Корубин.
Има учествувано на повеќе групни изложби во земјава и во странство. Добитничка е на Наградата на НЛБ „МиниАрт“ во 2015 година

Back to top button
Close