Џихан Ахмед ја повлече кандидатурата за член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

По реакциите во јавноста по претставувањето во Собранието на кандидатката Џихан Ахмед за член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, таа ја повлече кандидатурата. Информацијата ја потврдија за МИА од ВРЕДИ.

Најгласни во забелешките за кандидатурата на Ахмед беа од Мрежата за заштита од дискриминација, од каде побараа Собранието да не ја избере бидејќи како што посочуваат во нивбното соопштение, таа не ги исполнува законските услови предвидени во Законот за спречување и заштита од дискриминација, односно нема ниту една година работно искуство од областа на човековите права, и особено во облата на еднаквост и недискриминација.

Уште пред да биде избрана за член на Комисијата, Ахмед преку социјалните мрежи му се заблагодари на Изет Меџити, лидер на една од партиите во коалицијата ВРЕДИ, иако Комисијата е натпартиско тело и не треба да се поврзува со ниту една политичка партија.

Покрај Ахмед, номинирани се и Лимко Бејзароски и Наташа Амдију

Back to top button
Close