Икарди: Уште од самиот почеток сакав да останам во ПСЖ

Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Мауро Икарди, е категоричен дека при текот на целиот престој во клубот, тој сакал да остане трајно на „Парк де Пренс“.

– Штом пристигнав од Италија во Париз, мојата одлука беше конечна. Опцијата за откуп може да се активира само оваа сезона, но за мене сè беше решено минатата година. Кога тоа стана вистинска можност, разговаравме со раководителите и Леонардо. Јас и моето семејство ја разгледавме одлуката и решивме да останеме. Тогаш Леонардо потврди дека опцијата е активирана. Лесно беше да се потпише. Јувентус и Наполи? Не, не. Се чувствувам добро во Париз. За време на празниците се вратив во Италија и ги поминав со семејството. Близу е, само еден час со авион. Сега моето семејство е целосно преселено во Париз, изјави Икарди за „Ле Паризиен“.

Back to top button
Close