Илјадници десничарски приврзаници на Болсонаро упаднаа во бразилскиот Конгрес – се случуваат огромни конфликти


Илјадници десничарски приврзаници на Болсонаро упаднаа во бразилскиот Конгрес – се случуваат огромни конфликти

Поддржувачите на експретседателот на Бразил, Жаир Болсонаро упаднаа во Конгресот, а полицијата фрли солзавец врз нив, пишува Би-Би-Си.

Драматичните сцени се случија една недела по инаугурацијата на новиот левичарски претседател Луис Инасио Лула да Силва.

Поддржувачите на Болсонаро одбиваат да прифатат дека тој ги загубил изборите и ги пробил бариерите и влегол во зградата во главниот град Бразилија. Демонстрантите ги скршиле стаклата на зградата и кампувале во близина. Тие бараат воена интервенција и оставка на Силва, попознат како Лула, кој го победи својот екстремно десничарски ривал на изборите во октомври. Лула моментално е на службен пат во Сао Паоло.

Во својот инаугуративен говор, Лула вети дека ќе ја обнови земјата, која е во „страшни урнатини“. Тој ја осуди политиката на неговиот претходник, кој отиде во САД за да ја избегне церемонијата на предавање.

CNN: Ова многу потсетува на настаните во САД на 6-ти јануари.

Во дневникот на Си-Ен-Ен, водителите изјавија дека настаните во Бразил неодоливо потсетуваат на она што се случи во САД на 6 јануари 2021 година, кога приврзаниците на Трамп извршија напад на Капитол и објавија нови детали од нападот.

„Изгледа дека луѓето беа побројни од полицајците што се нашле таму. Демонстрантите им се заканија на вработените во Конгресот и Врховниот суд да не се обидуваат да ги спречат.

Конгресот во моментов не заседава, така што пратениците не се во животна опасност.

Во меѓувреме, Болсонаро е во САД, во Флорида. Засега не се знае кој ги организирал протестите“, пишува весникот Си-Ен-Ен.

Back to top button
Close