Илјадници евакуирани на Филипините пред тајфунот
Неколку илјади луѓе беа евакуирани денеска од крајбрежните области на Филипините кои се загрозени од тајфунот Калмаеги, кој се движи кон источниот остров Лејте со ветрови од 120 до 150 километри на час, соопшти метеоролошката служба на земјата.

-Евакуациите се во тек во Палу и Танауан, изјави шефот за управување со катастрофи Роел Монтес.
Двете провинции, со вкупно население од 140.000 жители според последниот попис од 2024 година, веќе беа силно погодени од супертајфунот Хаијан во 2013 година, во кој загинаа најмалку 6.000 луѓе.
Околу 20 бури или тајфуни ги погодуваат или се приближуваат кон Филипините секоја година, при што најсиромашните региони во земјата генерално се најтешко погодени.
Метеоролозите очекуваат три до пет бури да ја погодат азиската нација пред крајот на годината.
Според експертите, климатските промени придонесуваат за почести и поинтензивни екстремни временски настани






