Илјадници луѓе протестираат пред Палатата на правдата во Белград, протести и низ населби во градот поради апсење студенти
Протест се одржува доцна попладнево во Белград пред Високото јавно обвинителство (ВЈТ) поради апсење студенти. Сообраќајот е блокиран и во близина на Автокоманда, и населбите Земун и Вождовац и попречено е одвивањето сообраќај на Панчевачки мост.
Во текот на денот, студентите во блокада повикаа за вечерва на протест пред ВЈТ, а причината за апсењата беше учество во немирите на вчерашниот протест за Видовден.
Полицијата е распоредена пред палатата на правдата со опрема за растурање демонстрации.
Според белградски медиуми, уапсени се и граѓани и студенти од универзитети во Србија кои беа на состанокот за организирање на протестот за Видовден.
Во Ниш во Нови Сад исто така се одржуваат протести.
Според студентите, сите приведени се осомничени за тероризам.
На протест вечерва повикаа и студентите на Филозофскиот факултет во Белград. Белградски медиуми јавуваат за најмалку 10.000 луѓе кои излегле на протести доцна попладнево низ населби низ Белград.
Министерството за правда соопшти дека изјавите на учесници во студентската блокада дека нивните колеги наводно биле „однесени од парадржавни структури“ се невистинити и злонамерни.