Илјадници познати личности жртви на „дипфејк“ порнографија

Најново истражување покажа дека илјадници познати личности биле жртви на „дипфејк“ порнографија, пишува Гардијан.

Анализата на британскиот Ченел 4 на петте најпосетувани „дипфејк“ веб-страници покажа дека на листата има речиси 4.000 познати личности, од кои 255 се Британци.

Меѓу нив има актерки, телевизиски ѕвезди, музичари и јутјубери, чии лица се вметнати во порнографски материјали со помош на вештачка интелигенција. Истрагата покажа дека страниците имале над 100 милиони прегледи за само три месеци.

Телевизиската водителка Кети Њуман, која била идентификувана како една од жртвите, рече дека се чувствува виновна. „Навистина е морничаво чувството дека не можам да видам кој го направил ова, и секој може да ја види оваа моја лажна верзија“, рече таа.

Во Британија оваа година беше донесен закон со кој споделувањето такви слики без согласност е незаконско, но создавањето на содржината не е. Неодамна, има сè поголеми проблеми со злоупотребата на вештачката интелигенција и технологијата на „дипфејк“, не само во порнографските содржини.

Во 2016 година, истражувачите првпат идентификуваа „дипфејк“ порнографско видео на интернетот.

Back to top button
Close