Илјадници протестанти во Јужна Кореја се во карантин

–  Илјадници верници од Протестантската црква во Сеул се ставени во карантин. Тоа го соопштија денеска властите на Јужна Кореја, додека државата се бори со жаришта на вирусот поврзани со локални верски заедници.

Во текот на викендот главниот град и соседната провинција Геонџи, каде живеат скоро половина од населението, ги забранија сите верски собири и ги повикаа жителите да избегнуваат непотребно патување, откако низа нови случаи предизвикаа стравувања од голем втор бран.

Јужна Кореја денеска објави за 197 нови случаи, а сега има 15.515 заразени. Четврти ден по ред, земјата има трицифрено зголемување на бројот на заразени, по неколку недели со бројка од околу 30 или 40 заразени.

Во моментов, најголемото жариште околу црквата Саранг Џеил во Сеул, предводена од контроверзен пастор, кој е водечка фигура во протестите против претседателот Мун Џaе-ин.

Досега се потврдени вкупно 315 случаи поврзани со црквата, соопштија официјални лица денеска, проценувајќи дека тоа е едно од најголемите досегашни кластери, па околу 3.400 членови на црквата им е препорачано да одат во карантин.

Досега, секој шести тестиран член на црквата е позитивен, што бара „брзо тестирање и изолација“, рече заменик-министерот за здравство Ким Ганг-лип.

Сепак, списокот на членови обезбедени од црквата е „неточен“, што го отежнува тестирањето и изолирањето.

Првичното избувнување на заразата во Јужна Кореја беше околу христијанската заедница Шинхонџи, која честопати беше осудена како култ и обвинета за спречување на истраги. зш/

Back to top button
Close