Илјана Јотова: Палењето на културниот центар „Иван Михајлов“ е уште една провокација

 

Бугарската политичарка Илијана Јотова преку социјалните мрежи порача дека опожарениот културен центар „Иван Михајлов“ е уште една провокација.

Културниот центар бил опожарен од непознати сторители во Битола, при што изгорела плочата на која го пишувало името и влезот.

„Потпалувањето на културниот центар во Битола е уште една провокација и дел од маскираната анти-бугарска кампања, која почна веднаш по отворањето на клубот. На отворањето, пред еден месец, бугарската делегација присуствуваше во Битола, а функција на културниот дом е зачувување на бугарската култура и идентитетот на Бугарите во Северна Македонија. Само брзо дејствување на институциите со цел откривање на сторителите ќе покажат дека кај нашиот западен сосед се почитуваат правата на Бугарите, како на сите останати националности“, напиша Јотова.

Back to top button
Close