Илхан Ќучук: Францускиот предлог е најдоброто што Бугарија и Македонија може да го постигнат

Известувачот за Македонија, Илхан Ќучук смета дека Македонија и Бугарија може да ги надминат проблемите со прифаќање на францускиот предлог.

Ќучук објави статус на неговиот профил на Твитер и кажа дека во 21 век никому не може да му биде одземен идентитетот.

– До сите мои пријатели во Северна Македонија, би сакал да ги известам дека францускиот предлог е најдоброто што Бугарија/Северна Македонија може да го постигнат и би сакал да ве уверам дека во 21-ви век никому не може да му биде одземен идентитетот. Најдобар начин да се заштити и зачува е внатре во ЕУ каде што сите сме еднакви – вели на Твитер известувачот за Северна Македонија Илхан Ќучук, лидер на Европските Либерали, претставник на бугарската партија ДПС.

 

 

Back to top button
Close