Илиевски до Димитриевски: Си научил да глумиш како Тони Михајловски

Оливер Илиевски, кандидат на СДСМ за градоначалник на Куманово, не гледа инцидент во случајот со сопирањето на возилото на неговиот противкандидат и довчерашен сопартиец Максим Димитриевски. Според него, се работи за рутинска контрола на СВР Куманово.

-Се констатирало дека имало затемнети стакла. Со тоа се докажува дека СВР Куманово биле во право. Ние се боревме токму против селективност, а тој бара селективност. Ако технички е неисправно, СВР треба да постапи. Да снимате такви драми, зошто го наследил од Тони Михајловски тоа глумење овие денови. Се гледа како ВМРО-ДПМНЕ и Димитриевски соработувале, а тоа го дознавме сите и сега зборува за режим против кој ние се боревме, а соработува со нив – вели Илиевски.

Тој додаде дека шефот на изборниот штаб на Димитриевски преговарал со кумановскиот општински комитет на ВМРО-ДПМНЕ за соработка, а за возврат се нуделе директорски функции во јавни претпријатија. Притоа, Илиевски истакна дека неговиот противкандидат лице што го нарекувал криминалец сега му е заменик-шеф на неговиот штаб.

Back to top button
Close