Илиевски: ВМРО-ДПМНЕ веќе изгуби над 100.000 гласа уште во првата година од мандатот на Мицкоски

Потпретседателот на СДСМ, Методија Илиевски, остро го критикуваше владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, посочувајќи дека власта ја губи поддршката затоа што граѓаните живеат се потешко а власта со нејзината неспособност ја влече државата надолу.

„Во Македонија не се живее подобро. Потрошувачката кошничка расте, субвенциите за земјоделците не се исплаќаат навреме, а ДДВ-то не се враќа навремено на фирмите. Македонија е презадолжена, економијата стагнира, а граѓаните живеат посиромашно. И тоа се заради лошото валдеење на ВМРО-ДПМНЕ, ВМРО-ДПМНЕ, за првпат во последните години, веќе изгуби над 100.000 гласа уште во првата година од мандатот на Христијан Мицкоски.“

Во врска со локалните избори, Илиевки истакна дека СДСМ се движи напред со силна енергија и теренска поддршка.

„На терен се гледа нова енергија, нови лица и позитивна кампања. Во сите општини се чувствува враќањето на социјалдемократијата, како што тоа јасно се виде и во Битола“, рече тој.

Илиевски нагласи дека СДСМ има добри, чесни и кредибилни кандидати за градоначалници и советници. Тој ја истакна понудата на СДСМ како сериозна и чесна: „Имаме сериозна платформа и кандидати кои ќе донесат позитивни изненадувања.“

Back to top button
Close