Илон Маск ќе ja интервјуира лидерка на германската десничарска партија Алтернатива за Германија
Американскиот милијардер Илон Маск ќе направи интервју со лидерката на крајнодесничарската партија „Алтернатива за Германија“ (АфД), Алис Вајдел, на 9 јануари.
Разговорот, што ќе се емитува во живо на социјалната мрежа „Икс“, ќе опфати теми како слободата на изразување и програмата на АфД за одржлива Германија, прецизираше претставник на партијата за ДПА.
Портпаролот на Вајдел истакна дека АфД и тимот на Маск се во редовен контакт со месеци, иако лидерката на партијата на екстремната десница и американскиот милијардер се уште не се сретнале лично.
Два дена подоцна, Вајдел ќе биде официјално назначена за водечки кандидат на АфГ за изборите на 23 февруари