Илон Маск: Гем, сет и меч
Додека гласовите продолжуваат да се бројат низ Соединетите Држави, мултимилијардерот Илон Маск се изјасни на Икс.
„Гем, сет и меч“, напиша тој.
Маск го поддржуваше републиканскиот кандидат Доналд Трамп и беше активно вклучен во неговата кампања.
Трамп во август изјави дека ќе му понуди на Маск работа во неговата администрација доколку победи на претседателските избори.
Републиканскиот претседателски кандидат одговори потврдно на прашањето за време на интервјуто за Ројтерс дали е подготвен да го назначи Маск на советничка позиција или да му додели кабинетско место.
„Тој е многу паметен човек. Сигурно би му ја дал работата, ако ја преземе. Тој е брилијантен човек“, рече Трамп.