Илон Маск се обидел да го придобие Марк Закерберг за преземање на OpenAI

Илон Маск наводно се обидел да обезбеди поддршка од Марк Закерберг, извршниот директор на Meta, за својата понуда вредна речиси 100 милијарди долари за преземање на OpenAI, покажуваат судските документи.

За време на судско испитување, Маск признал дека разговарал со Закерберг за можноста Meta да вложи средства во неговиот план, но првиот човек на Meta не прифатил да учествува.

OpenAI од судот побарал да и наложи на Meta да предаде комуникации и документи кои би можеле да ги разјаснат деталите од овие контакти. Од Meta, пак, возвратиле дека барањето е непотребно и дека OpenAI треба да ги добие тие документи директно од Маск и неговата компанија xAI, а не од трета страна.

Овој процес е дел од поширокиот правен спор меѓу Маск и OpenAI. Минатата година Маск ја тужеше организацијата тврдејќи дека таа ја напуштила првичната мисија – развој на вештачка интелигенција за општа корист, во корист на профитот. OpenAI возврати со контратужба, а судскиот процес пред порота е закажан за пролетта 2026 година.

Случајот дополнително ја засилува вниманието кон судирот меѓу највлијателните личности и компании во областа на вештачката интелигенција, кој би можел да има далекусежни последици врз развојот и контролата на оваа технологија

Back to top button
Close