Милошоски прашува каде се 6-те милиони евра од снимката со Димишков?

Дали адвокатот Димишков имал само лична моќ да нуди притвори, ослободувања од притвори и да бара пари за ослободувања од притвори или пак можеби адвокатот Димишков имал и судска моќ и политичка моќ преку одреден спонзор за да може да издејствува кому да биде одредена мерка притвор и за колку пари да биде укината таа мерка притвор, праша денеска на прес-конференција Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, во врска со вчера објавените аудиоразговори на Јутјуб.

„Главното прашање е дали и Вице и Зоран Заеви се ликовите во чие име зборува адвокатот Димишков, и дали адвокатот Димишков бара 6 милиони евра во име на Зоран и Вице Заеви? Дали тие се политичкиот центар на моќ каде што треба да се уплатат 6 милиони евра за да се укине одредена мерка притвор?“, изјави Милошоски

За неговата партија е чудно што за адвокатот Димишков и за судијката Димишкова немало истрага во Јавното Обвинителство, за посредување и за уцена, или изнуда на пари од лица кои што биле предмет на обвиненијата на СЈО.

Тој најави дека ако Јавното Обвинителство денес нема храброст да се соочи со овие индиции да ги истражи, тогаш одговорите ќе бидат дадени после изборите во како што рече „фер обвинителски и судски процес ќе можат да бидат одговорени сите овие дилеми кои што посочуваат дека Зоран Заев е можниот нарачател на ваквите рекетирања и изнуда на пари“.

Во врска со изјавата на обвинителката Вилма Русковска дека оваа снимка е дел од доказниот материја во случајот „Рекет“, Милошоски рече праша дали ваквата изјава потврдува дека адвокатот Димишков е поштеден пред законот само затоа што има сестра која е влијателна судијка, госпоѓата Димишкова , и дали во овој случај сестрата судијка определува притвор, а братот адвокат преку комуникација со центрите за моќ ја продава во замена за цена од 6 милиони евра.

 

Back to top button
Close