Им се нафрлил на инспекторите: Во кафеана во Порој имало 20 гости по 21 часот

Во кафеана во Порој, синоќа во 21.35 часот инспектори во Државниот пазарен инспекторат затекнале дваесетина гости.

По целосно документирање на случајот против сопственикот ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик, информира МВР.

„За време на преземање на службените дејствија, инспекторите биле попречувани од М.Б. од село Порој, кој се обидел и физички да ги нападне, но бил спречен од присутните. По целосно документирање и расчистување на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, се наведува во соопштението.

Back to top button
Close