Има кривична за фалсификат ТОЕФЕЛ, пијан направил сообраќајка во која починало едно лице – Ова е вмровскиот кандидат за градоначалник на Чешиново-Облешево

Кандидатот за градоначалник на Чешиново-Облешево од ВМРО-ДПМНЕ има кривична пријава за фалсификување на исправа, односно лажен сертификат за познавање на англиски јазик.

До редакцијата на Инфомакс доставена била потврда за казнена и кривична евиденција на кандидатот за градоначалник, Јорданчо Костадинов.

Во потврдата јасно се наведува дека истиот е и претходно осудуван и тоа за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, со казна затвор од четири години или условена казна од две години.

Одлуката со која е осуден се однесува на сообраќајна несреќа во која една жена починала, а неколкумина биле шетко повредени.

Во продолжение дел од одлуката на Основниот суд Штип со одделение во Пробиштип:

На 30.11.2016 година околу 16,40 часот како учесник во сообрќајот на јавните патишта , движејќи се по магистралниот пат А-3 од правец на К. кон Ш. управувал со ПМВ Опел-Тигра со рег.бр.ШТ 619-ПХ сопственост на М.Г. и со умисла кога бил свесен дека поради неговото сторување може да настапи штетна последица но се согласил со нејзиното настапување, постапувајќи спротивно на чл.228 ст.1 и 2 од ЗБСП, иако знаел дека му претстои управување со моторно возило се довел под дејство на алкохол во крвта, и го управувал истото со 0,90 грам промили алкохол во крвтта, поради што не бил во состојба истото безбедно да го управува и го загрозил јавниот сообраќај на начин што кога дошол на крстосница од магистралниот пат пат А-3 К.-Ш. со ул.„Бреалничка“ спротивно на чл.41 ст.2 од ЗБСП, иако бил должен не го пропуштил ПМВ марка Џип Чироки со бугарски национални ознаки Е-9146-КХ, сопственост и управувано од оштетениот К. И. од П. кое доаѓало од спротивна насока и го задржувало правецот на движење на крстосницата, поради што со предниот десен дел од ПМВ Опел Тигра удрил во преден десен дел од ПМВ Џип Чироки, од кој удар сопатникот со ПМВ Опел Тигра, К.С. се здобила со тешки телесни повреди: повеќе скршеници на двете нозе, скршеница на карлица, од кој повреди починала, а оштетените К. И. и К.Р се здобиле со телесни повреди набиеници на граден кош и глава, а оштетената М.Н. се здобила со Тешка телесна повреда скршеница на лев рачен зглоб.

Со ваквото дејствије обвинетиот Ј.К. од с. Т. О.Ч. -. сторил кривично дело “ Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот “ од чл. 300 ст.2 в.в. со чл. 297 ст.1 од КЗ, па со примена на овие одредби како и член 4, 32, 35, 39, 40,41,49 и 50 од истиот законик , како и член 102, 105 и 114 ст.2 од ЗКП, му изрекува:

УСЛОВНА ОСУДА
За стореното кривично дело судот на обвинетиот му утврдува казна затвор во траење од 2 (две) години. Извршувањето на казната затвор се одлага условно во рок од 4 (четири ) години, и истата нема да се изврши, доколку обвинетиот за времето на проверување не стори ново кривично дело.

Во моментов се води активна кривична постапка против Костадинов за фалсификување на исправа, поконкретно поради лажен ТОЕФЕЛ сертификат за познавање на англиски јазик.

Инаку Костадинов е актуелен директор на ООУ “Св.Климент Охридски” во Облешево

Back to top button
Close