Има очигледни спреги помеѓу судско-обвинителскиот систем и политичката бизнис-мафија, обвини Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски во обраќањето по повод една година од владеењето рече дека Владата отворила силна борба против криминалот со акции против оние кои во минатото биле недопирливи, а денеска се во бегство, но дека не е задоволен од испорачаната правда во судско – обвинителскиот систем.
Не сум задоволен од динамиката на испорачување на правдата од страна на обвинителите и судиите и постојат очигледни спреги меѓу тој свет и светот на политичката бизнис-мафија, која го конструирала тој систем против кој сакаме да се бориме. И ако ме прашате мене, очекувам одговорност. И народот очекува одговорност, и тоа мора да биде прва работа која ќе не води – да донесеме правда и да го урнеме тој систем на бандитизам создаден од политички бизнис-структури, за кои нема ни етнички ни политички разлики, туку функционираат во широки коалиции. Тоа ќе биде нашиот најголем предизвик во периодот кој следи и од таа динамика ќе зависат многу следни политички случувања во државата“, рече Мицкоски во обраќањето.