Има само уште некои дилеми за гласањето на хронично болните, за лицата на домашно лекување и во самоизолација, порача Филипче

Министерот за здравство Венко Филипче денеска на прес-конференција соопшти дека има само уште некои дилеми во однос на спроведување на гласање на луѓето кои се наоѓаат на домашно лекување, се во самоизолација и луѓе кои имаат хронични болести на кои треба да им се понуди да гласаат во домашни услови.

Филипче, одговарајќи на новинарско прашања дали ќе има друг протокол за изборите и дали членовите на избирачките одбори по изборите ќе одат седум дена во изолација, информира дека разговарал со претседателот на ДИК, Оливер Деркоски.

– Вчера разговарав со претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Оливер Деркоски, кој укажа на тоа дека оној протокол од страна на Комисијата за заразни болести и прашањата што прозилегоа од тој протокол од ДИК, а Комисијата за заразни болести ги одговори се сосема доволни. Има само уште некои дилеми во однос на спроведување на гласање на луѓето кои се наоѓаат на домашно лекување, се во самоизолација и луѓе кои имаат хронични болести на кои треба да им се понуди да гласаат во домашни услови, а во смисла на спроведување на здравствениот протокол, во рамки на тој процес пристапот кон луѓето кои се наоѓаат во домашни услови и тоа е единствената работа на која треба дополнително да одговориме, рече Филипче.

Министерот за здравство посочи дека ако се почитуваат мерките, ќе нема потреба од изолација.

– Доколку секој се придружува до мерките, и тоа е концептот на протоколот, исто како што има протокол за сите други активности, на отворен простор, на затворен простор итн., апсолутно нема потреба од никаква изолација заради тоа што таа заштита е сосема доволна. Тоа е заштитата која лекарите ја носат во услови кога работат со позитивни, заразени пациенти и не е нешто по што некој треба да биде во изолација, појасни Филипче.

 

Back to top button
Close