„Има таков народ” и ДПС на последни консултации околу составувањето на новата бугарска Влада

 

Победничката партија на последните парламентарни избори во Бугарија „Има таков народ“ денеска ќе одржи консултации и со Движењето за права и слободи (ДПС).

Како што јави дописникот на МИА од Софија, ова е последна од планираните средби на највисоко ниво меѓу партијата на ТВ-водителот Слави Трифонов и пратеничките групи, без ГЕРБ-СДС, во рамките на 46-то Национално собрание на Бугарија.

„Има таков народ“ побара разговори со Движењето за права и слободи во обид да се обезбеди најшироко можно парламентарно мнозинство за нивните идни политики. Како што додава дописникот на МИА од Софија, денешната средба е оптоварена со најмногу очекувања и предизвикува најголем интерес кај медиумите и политичките набудувачи.

„Има таков народ“, го покани на разговори ДПС, и покрај категоричните позиции на другите партии, дека тие нема да ја поддржат нивната влада ако во неа учестгвуваат ГЕРБ и ДПС.

Претседателот на парламентарната група на „Има таков народ“, Тошко Јорданов истакна дека целта на консултациите е да се видат приоритетите и политиките, а не се за поединци и теснопартиски интереси. Тој, за време на консултациите со други партии, рече дека никој не сака ниту ГЕРБ, ,ниту ДПС, да учествуваат на кој било начин во новата бугарска Влада.

Back to top button
Close